Резултати за пребарувањето: памет
памет | м.
Способност на човекот да ги спознава и да ги репродуцира во свеста претходно применети впечатоци; ум, разум. Тоа што ни гледаат очите се запишува и се запечатува во нашата памет. Дете е уште, ќе му дојде паметот.
памети | несв.
Држи во сеќавање, запомнува, не заборава. Тоа ќе го паметиме дури сме живи. Детето малку го паметеше татка си.
паметта
Зборот е поврзан со:
паметно | прил.
Зборот е поврзан со:
паметат
Зборот е поврзан со:
паметен | прид.
Што има памет, мудар, умен, разумен. Добар и паметен домаќин. Мудра и паметна жена. Убаво и паметно дете.
паметот
Зборот е поврзан со:
напамет | прил.
Без читање текст, по паметење; без пишување. Учејќи ги напамет тие творби, луѓето се доближуваат до убавината на јазикот. Тој можел напамет да пресметува и повеќецифрени броеви.
опамети | св.
Повлијае врз некого да биде разумен, да постапува разумно; вразуми. Го затвориле за да го опаметат. Појди, опамети го!
запамети | св.
Задржи во сеќавањето некого или нешто; запомни. Тоа што ти го реков, добро да го запаметиш. Таа не ја запамети својата мајка. Јас ќе го запаметам овој ден засекогаш.