Резултати за пребарувањето: под

подагра | ж.

Болест на зглобовите и вените на нозете или на рацете; костобол.

подбрка | св.

Потрча по некого бркајќи го донекаде. Ме подбрка со сукалото низ дворот.

подлаже | св.

Лаже малку, има навика да лаже по малку. Тој ќе подлаже овде-онде.

податен | прид.

поддржи | св.

Даде поддршка. Тој ја поддржа иницијативата за штрајк. Родителите ја поддржаа идејата на професорот за дополнителна настава. Граѓаните го поддржаа протестот на самохраните мајки.

подмити | св.

Даде мито; поткупи некого. Тие го подмитиле судијата.

подгони | св.

Почне да гони некого или нешто, засилено од повеќе страни. Арамијата го подгонија од сите страни. Пците го подгонија зајакот.

поддаде | св.

Даде малку, обично кришум. Му поддаде тој на братот некој денар да ја помине зимата.

подигра | св.

Разигра коњ малку, донекаде. Го подигра коњот пред да тргне на непријателската војска.