Резултати за пребарувањето: под

подолади | св.

Олади, излади малку, донекаде. Подолади го бостанот во реката, па да каснеме малку.

подводен | прид.

Што се наоѓа под нивото на водата. Подводни карпи. Подводни пештери.

подбегне | св.

Подизбега малку, се потргне настрана од дофат или од пат. Само што помисли дека ќе го фати, кучето пак му подбегна.

подвлече | св.

Стави под нешто со влечење. Таа го подвлече килимот под ногарките на креветот.

подзапне | св.

Запне малку, донекаде; запне Работата малку подзапна. Преговорите подзапнаа уште на почетокот.

подотера | св.

Уреди нешто според определни барања да функционира донекаде подобро; дотера 3. Го подотера текстот пред да го пушти во печат.

подраска | св.

Драска малку, кратко време;

пододбор | м.

Посебен дел од одбор

пододдел | м.

Посебен дел од оддел во установа, од книга и сл. При користењето се означува припадноста на текстот кон литературата или кон некој од нејзините пододдели.