Резултати за пребарувањето: под
податлив | прид.
Што лесно може да се обработи, да се обликува, да послужи за нешто. Ликовна техника што само кај добар уметник е податлива за преливи и тонови...
подрамни | св.
Рамни нешто сосема или делумно, донекаде. Подрамни ја добро леата пред да го садиш расадот.
подотера | св.
Уреди нешто според определни барања да функционира донекаде подобро; дотера 3. Го подотера текстот пред да го пушти во печат.
подотсек | м.
Посебен дел од отсек
подвижен | прид.
Што може да се движи, да се поместува, да се мрда (за механизам, дел од телото итн.). Подвижен зглоб. Подвижен дел на моторот.
подзамре | св.
Стивне малку, замолчи донекаде, во извесна мера. Детето подзамре малку, престана да плаче. Подзамреа топовите.
подзапре | св.
Запре движење на некого или на нешто за кратко време за пак да продолжи. Полицаецот ја подзапре колоната возила, колку да помине амбулантната кола. Тој ги подзапре жените што носеа вода за да се напие од нивните бардачиња. Тој ја подзапре водата да не тече напразно.
подолади | св.
Олади, излади малку, донекаде. Подолади го бостанот во реката, па да каснеме малку.
подозира | несв.
Има, изразува подозрение во некого или во нешто. Никој не подозираше дека ќе се случи тоа.
подозрив | прид.
Што предизвикува подозрение. Подозрив поглед.