Резултати за пребарувањето: праг

праг | м.

Дебела греда (од дрво, камен или метал) што лежи пред долниот дел од вратата. Куќен праг. Камен праг. Застана на прагот. Седна на прагот.

Прага | ж.

Главен град на Чешка.

прага

Зборот е поврзан со:

прагма | ж.

Дејствување што е насочено кон непосреден успех, резултат и корист.

попраг | м.

Појас, ремен за стегање на седлото, на самарот на добитокот. Тие му го наместија самарот на коњот и му го врзаа попрагот.

потпраг | м.

Ремен за стегање на седло или самар; попраг.

прагови

Зборот е поврзан со:

прагматика | ж.

Постапки, ред, распоред во деловната дејност.