Резултати за пребарувањето: пролет
пролет | ж.
Едно од годишните времиња, меѓу зима и лето. Рана пролет. Годинава пролетта задоцни. Топењето на снеговите ја најавува пролетта.
пролета | св.
Помине со летање. Една пеперутка пролета во градината. Меѓу дрвјата пролета був.
пролети
Зборот е поврзан со:
пролето | ср.
Топли денови во изразот: Лето - пролето.
напролет | прил.
Во пролет. Крушата цвета само напролет. Луѓето напролет се зафатени со многу работа.
пролетер | м.
Лице без сопствени средства за производство што живее од продажба на својот труд; наемен работник.
пролетен | прид.
Што се однесува на пролет. Пролетно утро. Пролетен ветар. Пролетна јакна.
пролетери
Зборот е поврзан со:
пролетаат
Зборот е поврзан со:
пролетува | глаг. несв.
Зборот е поврзан со: