Резултати за пребарувањето: прст
прст 2 | ж.
Горниот, растресит дел од почвата. Малтер од прст и слама.
прст 1 | м.
Секој еден од крајните делови на раката, на дланката, или на ногата, на стапалото. Му измрзнаа прстите на раката. Малиот прст. Домалиот прст. Средниот прст. Прстот на ногата.
прсте | и. ср.
Зборот е поврзан со:
прсти
Зборот е поврзан со:
прстен 2 | прид.
Што се однесува на прст1. Прстен зглоб.
прстен 1 | м.
Обрач од метал, најчесто скапоцен, што се носи на прст како накит или знак за брачна состојба. Венчален прстен. Златен прстен. Свршенички прстен.
прстени
Зборот е поврзан со:
напрсти | прил.
Одејќи на прстите. Помина тивко, напрсти.
прстење
Зборот е поврзан со:
прстиња
Зборот е поврзан со: