Резултати за пребарувањето: работник
работник | м.
Тој што се занимава со физичка или интелектуална дејност. Градежен работник. Наемен работник. Културни работници. Научен работник. Просветен работник.
неработник | м.
Тој што не сака да работи; мрзло, мрзливец.
соработник | м.
Тој што соработува, што работи заедно со некого. Близок соработник. Трговски соработници.
безработник | м.
Тој што не сака да работи, неработник, безделник. За него мнозина велат дека е мрзливец и безработник. Безработниците стоеја и немо гледаа во кавгаџиите.