Резултати за пребарувањето: расо
расо | ср.
Вид горна облека на православни свештеници. Под расото се криел безверник. Штом го стави расото на себе, почна да се моли.
расов | прид.
расол | м.
Кисела зелка. Една главица расол. Расол без месо. Расол со везени пиперки. Салата од расол. Расол со свинско месо.
расони | св.
Разбуди некого, прекине сон, дремка некому. Силен тресок ја расони. Таа ги расони домашните. Ѕвонењето на телефонот ме расони.
расоли | св.
Отсоли, отстрани сол од нешто со помош на вода. Таа го расоли сирењето во студена вода. Ова јадење не може да се расоли.
расобуе | св.
Собуе, отстрани обувки или чорапи од нозете некому или себеси. Таа ги расобу децата и им ги триеше премрзнатите нозе. Тој ги расобу новите чевли.
расолка | ж.
Лист од кисела зелка. Тенки расолки. Во расолка ставаше пропржен ориз и парче сува пиперка и правеше посни сарми.
расолзи | св.
Насолзи, предизвика солзи, тага, плачење кај некого. Таа глетка ме расолзи. Таа ги расолзи децата.
красота | ж.
Убавина. Небеска красота.
красови
Зборот е поврзан со: