Резултати за пребарувањето: род
родлив | прид.
Што дава род; плодороден. Родливо дрво.
порода | ж.
За животни – раса, сој. Запре пајтон, со чифт јаки коњи, од арапска порода.
родиум | м.
Метал со сребреникаво‒бела боја од групата на платините.
вроден | прид.
Што постои од создавањето, што се носи од раѓање, наследен, генетски. Вродена слабост. Вродена болест. Вродена мана.
породи | св.
Укаже помош при раѓање. Бабицата ја породи.
родина | ж.
Татковина, земја каде што се родил некој. Мојата родина да биде напредна земја.
Родопи | и.
Планински масив во Европа.
изроди | св.
Роди, народи деца во голем број. Таа изроди едно чудо деца. Во бракот со него, тие изродија неколку деца, но сите им умреа.
продре | св.
оброди | св.
Даде многу род, роди, народи нешто во голем број. Јаболкницата обродила / на една ветка пет јаболка.