Резултати за пребарувањето: рт

за'рти | св.

Почне да 'рти. Житото за'рти.

куртул | м.

Спас, избавување, ослободување. Нему куртул му немаше.

инсерт | м.

Куса белешка во весник, информација на радио, телевизија, исечок, дел од филм, книга и сл. Беа прикажани неколку филмски инсерти.

заврти | св.

Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска. Го заврте клучот на вратата. Го заврте воланот за цел круг.

обртен | прид.

Што се однесува на обрт. Обртен капитал. Обртни средства.

смртен | прид.

Што се однесува на смрт. Смртен час. Смртен случај.

нацрта | св.

Направи цртеж, прикаже некого, нешто, наслика со молив, со боја и сл.

вртлив | прид.

Што може да се врти. Вртливо столче.

жртвен | прид.

Што се однесува на жртва; што е определен за жртва. Жртвен обред.