Резултати за пребарувањето: суд

отсуди | св.

Изрече пресуда, пресуди. Како ќе отсуди судот, така ќе биде.

расуди | св.

Реши, преку мислење донесе, изрече суд за нешто. Тој расуди дека нема можност за преговори. Тој расуди и тивко проговори. Таа не расуди добро.

судено | прил.

Зборот е поврзан со:

опсуди | св.

Сестрано разгледа, обмисли, објасни нешто (прашање, настан и сл.). Ова прашање не сте го опсудиле добро. Никој не смее да го опсуди неговото решение.

судење | глаг. им. ср.

Зборот е поврзан со:

осудат

Зборот е поврзан со:

досуди | св.

Со судска пресуда определи некому нешто. Судот ми ја досуди куќата.

судачи

Зборот е поврзан со:

суденик | м.

Судбински предодреден брачен партнер. Дојде суденикот да ја види.

судбина | ж.

Виша сила што, според верувањата, го управува животот на луѓето и го определува текот на настаните. Ништо не може да ја смени судбината на човекот. Судбината на детето ја одредуваат наречниците на трета вечер по раѓањето на детето.