Резултати за пребарувањето: так
ортак | м.
Другар во некакава работа, деловен соработник. Тие некогаш биле ортаци, воделе дуќан заедно.
таков | прид.
Заменска придавка со која се укажува на особини, својства на некого или на нешто во споредба со друг познат или посочен поим во моментот на зборувањето. Таков избезумен, ја размести снагата, се поткрена на лактовите. Тој човек треба да биде таков што ќе знае да ја чува тајната. Постоја некое време таков, ничкосан во снегот. Имаше и такви што не беа толку решителни.
такса | ж.
Определена сума што се плаќа при извршување на некаква административна работа, при издавање или поднесување на некаков документ, при некаква услуга и сл. Административна такса. Судска такса. Државна такса. Такса за уверение. Такса за престој.
јатак | м.
(истор.) Тој што ги заштитувал и им помагал на комитите и ајдуците во периодот на османлиското владеење на овие простори. Малку се само дватројца јатаци во селото.
такам | м.
Комплетна опрема, севкупен прибор. Коњски такам. Три таками за куќите 2. Костум, руба. Тој купи штоф и си направи еден такам облека. Секој ден таками менува.
литак | м.
Традиционална (куса и без ракави) горна женска облека, направена од домашно волнено платно, сукно.
итака | сврз.
Искажува исполнет услов, погодност за вршење дејство; штом, кога веќе. Итака сте тука, да се договориме што ќе правиме понатаму со него. Итака ми е многу скапо, ќе му го откажам договорот.
петак | м.
батак 2 | м.
такан | м.
Сребрен држач за чаши. Ги избриша чашите од сребрените такани.