Резултати за пребарувањето: тури
оштури | св.
Опусти, запусти.
натури
Зборот е поврзан со:
протури | св.
Се здобие со повреда; искилави. Стопанот го протури коњот товарајќи го премногу.
поштури | св.
Направи или стане штур; избезуми.
немтури
Зборот е поврзан со:
поттури | св.
Подметне, поткладе нешто. Кукавицата гледа кому ќе му ги поттури своите јајца.
туризам | м.
Привремено, краткотрајно движење на луѓето кон дестинации надвор од местата во кои обично живеат и работат и нивните активности во текот на престојот во тие дестинации. Домашен туризам. Селски туризам. Зимски туризам.
контури
Зборот е поврзан со:
притури | св.
Тури, сипе, налие уште малку. Домаќинката им притури вино на гостите.
претури | св.
Истури од еден сад во друг; преточи. Ако го претуриш виното од бурето, ќе нема талог. Претура млеко во шишиња.