Резултати за пребарувањето: ум

гумен | м.

Птица слична на кукавица, кукумјавка; Athene noctua.

гумен | прид.

Што е изработен од гума. Гумени чизми.

зауми | св.

Запомни, запамети. Зауми што треба да ми кажеш.

науми | св.

Намисли нешто. Онака како што сте наумиле, сметам дека не е остварливо. Ако сте наумиле да го отворите рудникот, ќе ви помогнеме. Што наумиле, тоа и направиле.

румен | прид.

За лице, образи и сл. ‒ што е со руменина. Усни румени. Детенце со румени обравчиња.

викум | прил.

Со викање. Сите викум викаат: Амин!

локум | м.

Слатки од нишесте, брашно, шеќер, ореви и др. Кутија локум. Локум со ореви.

лекум | прил.

Полека, со лесно, на лесен начин.

изуми | св.

Заборави, исчезне од помнењето. Таа изуми дека е недела и дека дуќаните се затворени.