Резултати за пребарувањето: црв

црв | м.

(зоол.) Вид животно, безрбетник, со долгнавесто и меко тело што се движи со влечење; ларва, кукла од безрбетник. Јаболков црв. Дождовни црви. Лазат црвје.

црва

Зборот е поврзан со:

црви | несв.

Премачкува, бојадисува со црвена боја, со црвило. Ги црвеше образите. Ги црви усните. Ги црват јајцата.

црви

Зборот е поврзан со:

вцрви | св.

Направи да стане црвен, да поцрвени, да зарумени. Неговите очи ја вцрвија девојката. Му го вцрви вратот со јажето.

црвен | прид.

Што има боја на крв. Црвен фустан. Црвено знаме. Црвени домати.

сцрви | св.

Направи да стане црвен; Срамот ги сцрвуваше образите на девојчето. Еротските песни ја сцрвуваа старата жена.