Резултати за пребарувањето: час
час | м.
Мерка за време, единица што се дели на 60 минути. Дојдовме пред половина час. Состанокот траеше три часа. По седум часа работа завршивме со ѕидањето.
часа
Зборот е поврзан со:
част | чест.
Само во изразот част и чест ‒ секоја почит;
вчас | прил.
Веднаш, за миг, на часот. Од зад стеблата вчас дотрчаа уште неколкумина. Срцето вчасот му се исцелило. Срипа и вчасум се најде кај портата
начас | прил.
Веднаш, за миг, во моментот. Во темницата здогледа некаква сенка, која начас ја снема. Се напи малку од таа вода и начас се почувствува некако непријатно.
зачас | прил.
Веднаш, за миг, за момент. Човекот зачас исчезна од улицата. Мачката зачас се најде во скутот на бабата.
часум | прил.
Часум скокна од постелата.
навчас | прил.
Веднаш, брзо, за многу кусо време. Навчас ќе биде готово. Снегот навчас се стопи. Навчас ќе почнеме со работа.
завчас | прил.
Многу брзо, веднаш, вчас. Уморот завчас исчезна. Завчас се облече и излезе.
часкум | прил.
Веднаш, во истиот момент. Луѓето часкум престанаа да плачат. Часкум сфати дека згрешил.