Резултати за пребарувањето: кас

касно | прил.

касаи

Зборот е поврзан со:

каско | ср.

Обично во составот каско-осигурување – целосно осигурување на возило од сите ризици.

касне | св.

Гризне со заби, боцне со осило, оставајќи трага, рана. По едно време некој се расплака велејќи дека го каснала пчела. Тој незабележано го касна мустакот. Козарот го каснала змија во планината. Касни го јаболкото, а устата веќе ти се збрала.

касов | прид.

Што се однесува на каса. Касова книга. Касов минимум.

укаса | св.

Обично за животно ‒ касне, направи рана со каснување. Козарчето змија го укасала. Кучето го укасало. Ме укаса лута змија

касни | несв.

касира | св. и несв.

Огласи, огласува за неважечко, поништи, поништува судско решение и сл.

касета | ж.

Мала метална кутија за чување пари и скапоцености.