Мавар | м.
Припадник на народ со арабиско потекло, владетели на Шпанија во средниот век.
Мавританија | ж.
Држава во Африка.
Маврициус | м.
Држава во Африка.
Маврово | ср.
Село во Западна Македонја.
Мавровско Езеро | ср.
Вештачко езеро во Македонија.
Мадагаскар | м.
Островска држава во Индискиот Океан, во близина на африканскиот континент.
Мадеира | ж.
Португалски островски архипелаг во Атлантскиот Океан.
Мадрид | м.
Главен град на Шпанија.
Македонија | ж.
Регион на Балканскиот Полуостров и држава во Европа со официјално име Северна Македонија.
Македонски Брод | ср.
Град во Македонија.