залов | м.
Вид прибор за риболов.
залог 1 | м.
Вреден, драгоцен предмет или имот што се заложува за извесно време заради заем во пари. Накитот го даде како залог.
залог 2 | м.
Глаголска категорија, својство на глаголските форми да го покажуваат односот на лицето кон глаголското дејство; дијатеза. Активен залог. Пасивен залог.
залога | ж.
залогори | св.
Направи и се смести во логор. Залогорија неколку дена.
заложба | ж.
Залагање, заложување за нешто; усилба. Креативна заложба. Патриотска заложба. Големи заложби.
заложен | прид.
Што се однесува на залог1. Заложна банка.
заложи | св.
Даде, остави нешто во залог. Тој ја заложи куќата. Таа го заложила златниот прстен.
заложилница | ж.
Место (установа, фирма и сл.) каде што се заложуваат предмети за да се добијат пари. Старите, вредни предмети ги однесе во заложилница.
заложник | м.
Лице што е насилно задржано како гаранција за постигнување определени цели. Меѓу заложниците имало и деца.