залока | св.
Почне да лока. Кучето залока вода од браздата.
заломоти | св.
Почне да ломоти, да вреви, да брбори. Наеднаш сите во куќата заломотија. Тој заломоти нешто.
залости | св.
Затвори врата со помош на лост, на резе и сл. Заборави да ја залости вратата.
залп | м.
Едновремен истрел од поголем број огнено оружје; плотун. Од партизанските заседи грмна залп.
залуд | прил.
залуден | прид.
Што е без полза, без резулатат; бескорисен, безуспешен. Залуден напор. Залудна работа. Залудна надеж.
залудено | прил.
Во голем, луд занес, претерано занесено. Ме гледаше залудено.
залуди | св.
Направи некого да биде како луд, претерано занесен по некого или по нешто. Таа го залуди со своето однесување. Добивката на лотарија го залуди од среќа.
залудо | прил.
Залудо трошиш пари.
залудува | св.
Почне да лудува. Детето залудува по мене.