замаршира | св.
Почне да маршира. Откај мостот замаршираа војници.
замаскира | св.
Стави маска, преправи некого или нешто да не се распознава. Крадецот го замаскира своето лице.
замасли (се) | св.
замасти | св.
Стави маст во јадење. Попарата добро ја замасти.
заматен | прид.
За извор, за вода и сл. – што не е бистар, проѕирен; замати Заматен извор. Заматена вода.
замати | св.
Направи тоа што е бистро, проѕирно да стане матно, непроѕирно. Дождот ја замати реката. Пареата ги замати стаклата на прозорците.
заматка | св.
Направи, приготви нешто со маткање. Тој заматка неколку јајца со виљушката и ги испржи.
замачка | св.
Прекрие, покрие со нешто што служи за мачкање. Дупката на ѕидот ја замачка со малтер.
замба | ж.
Печат, штембил, изработен од тврд метал со кој се удира жиг, дамка.
замбак | м.