замаглувачки | прид.
Што има својство да замаглува. Замаглувачка пареа.
замае | св.
Забави, завртка, задржи некого. Сосетката ме замаја, та затоа задоцнив.
замаен | прид.
замазнет | прид.
Што е залижан; Замазнета коса. Замазнети мустаќи.
замазни | св.
Направи нешто да стане мазно. Градинарот ја замазни леата со гребло. Таа си го замазни фустанот со пеглата.
замајан | прид.
Што е занесен; замае 2. Нè гледаше со замајан поглед.
замака | св.
Почне да мака, да потопува парче леб во храна. Со големи залаци замакаа во чиниите.
замали | св.
Таа замали од плачење.
заман | м.
Време.
замандали | св.
Затвори врата со мандало. Тој ја замандали портата.