Замбези | ср.
Река во Африка.
Замбија | ж.
Држава во Африка.
замеди | св.
Заслади со мед. Го замеди чајот.
замези | св.
Почне да мези; зее нешто за мезе. Тој се напи ракија и замези од салатата.
замелушен | прид.
Што е замајан, збунет, изненаден од нешто. Тој беше замелушен од пијалакот. Тие беа замелушени од исцрпеност.
замелуши | св.
Силно замае, збуни, зашемети. Го замелуши застрашувачка тишина. Таа го замелуши со својата дрскост.
замена | ж.
Давање нешто за друго нешто; размена, трампа. Во замена за дрвата добиваше газија и коцки шеќер.
замени | св.
Изврши размена, даде едно нешто за да добие друго нешто. Тој го замени својот стан за два помали. Селанецот го замени житото за волна.
заменик | м.
Тој што заменува некого. Тој беше негов заменик.
заменка | ж.
(грам.) Вид збор што упатува, што посочува нешто; со именска или со придавска функција. Лична заменка. Повратна заменка. Показна заменка.