заменлив | прид.

Што може да се замени. Заменлива валута.

замери | св.

Направи замерка, приговори, не одобри нечија постапка. Тој ѝ замери за нејзиното однесување.

замерка | ж.

Тоа на што може да се замери; забелешка, приговор. За неговата работа имаше многу замерки.

замерок | м.

Млеко што се зема од бачило по летното истерување на добитокот в планина.

замес | м.

Народен обичај на три дена пред свадбата, во четврток рано наутро, во куќата на младоженецот да се месат две погачи: една за невестата, друга за кумата.

замеси | св.

Почне да меси; меси. Го замеси тестото со двете раце.

замет | м.

Труд, тегоба, напор. Тој му плати за заметот.

замете | св.

Измете, зачисти малку со метење. Таа набрзина го замете дворот.

заметка | св.

Зафрли, затури. Тој го заметкал некаде писмото.

заметлија | прид.

досаден, здодевен.