заметне | св.
Зафрли, затури, изгуби нешто. Тој го заметнал некаде клучот од ковчежето.
замечтае | св.
Почне да мечтае, да сонува; мечтае. Таа замечтаа за подобар живот.
замечтан | прид.
Што е занесен во мечтаење. Замечтано момче.
замеша | св.
Направи смеса од нешто, спои во една целина две или повеќе нешта. Во еден подлабок сад, таа ги замеша брашното, млекото и јајцата.
замига | св.
Почне да мига (со очите). Момчето замига со очите.
замие | св.
Почне да мие; мие. Таа ги зами чиниите, но не ги доми.
замижан | прид.
Што е поспан, дремлив. Замижани очи.
замиже | св.
Затвори очи. Таа си ги стави дланките на очите и замижа.
замижурка | св.
Почне да мижурка; мижурка. Старецот замижурка со очите.
замили се | св.
Стане мил, се допадне некому. Кучето им се замили на децата.