замолска | св.

Почне да молска. Од кај ридот замолскаа молњи.

замолчи | св.

замолкне_1 Тој замолчи и се загледа пред себеси. И двајцата замолчеа кога го слушнаа истрелот.

замоми | св.

Направи да стане мома, девојка. Ја замоми поповата ќерка.

замомчи | св.

Направи да стане момче. Тешкиот живот предвреме го замомчи.

замонаши | св.

Направи да стане монах, монахиња. Ја замонашиле против нејзината волја.

замор | м.

Состојба на слабост на организмот како последица на напорна физичка или психичка работа; изнемоштеност, исцрпеност. Тој почувствува замор. Тие беа исцрпени од замор. Телесен замор.

заморен | прид.

Што предизвикува замор, што е напорен, тежок. Заморна работа. Заморно патување.

замори | св.

Предизвика замор кај некого; умори, измори. Газдата ги замори работниците со тешката работа. Тој ги замори очите од читање.

замота | св.

Почне да мота (клопче и сл.); мота. Таа ја замота волницата.