замотка | св.
замошоли | св.
За дожд – почне да мошоли, да мошори. Надвор замошоли дожд.
замрази 1 | св.
Настане мраз, се покрие со мраз. Од студот реката замрази.
замрази 2 | св.
Почне да мрази, да чувствува омраза. Тој ги замрази кучињата откако го каснаа за ногата.
замрачи | св.
Направи нешто да стане мрачно, спречи видливост на нешто; затемни. Тој ги замрачи прозорците со ќебиња. Облаците го замрачија хоризонтот.
замрачување | ср.
Потполно или делумно исчезнување на светлината, затемнување на некое небесно тело што настанува кога едно небесно тело ќе покрие друго или кога ќе падне во сенка на друго небесно тело. Замрачување на сонцето. Замрачување на месечината.
замрда | св.
Почне да мрда. Таа ги замрда прстите. Тој замрда со главата.
замре | св.
Престане да дава јасни знаци на живот. Тој легна во постелата и замре, свртен кон ѕидот. Животните замреа од непозната болест.
замрежи | св.
Покрие нешто со мрежа. Пајаците ги замрежија сите агли на таванот.
замрзи | св.
Почне да ме (те, го...) фаќа мрза, да станувам мрзлив. Го замрзи да работи.