замка | ж.

Направа за фаќање диви животни; стапица. Лисицата се фати во замката.

замласка | св.

Почне да мласка (со устата). Тој замласка при јадењето.

замлачи | св.

Направи да биде млако, затопли, стопли малку. Таа го замлачи млекото и му го даде на детето.

заможен | прид.

Што има доволно за живот, што е материјално обезбеден, осигурен. Заможен трговец. Заможно семејство.

замок | м.

Средновековен феудален дворец со тврдини. Кралски замок. Раскошен замок. Стари замоци.

замолзе | св.

Почне да молзе. Седна на столчето и ја замолзе кравата.

замоли | св.

Побара нешто со молење. Старицата го замоли детето да ѝ донесе вода. Тие ме замолија да ги оставам насамо.

замолкне | св.

Престане да зборува, да пее и сл. Тој ја наведна главата и замолкна. Жените наеднаш замолкнаа.

замолница | ж.

Имам една замолница до тебе.