запашка | св.

Почне да пашка; пашка. Ги запашкавме арамиите по планината.

запев | м.

Фраза или извик на почетокот од текстот што се пее. Завршокот на песната се поврзува со запевот.

запева | повр.

запегла | св.

Почне да пегла. Таа запегла од изутрина.

запее | св.

Почне да пее. Тој запеа една комитска песна. Петелот заплеска со крилјата и запеа.

запек | м.

Отежнато празнење на цревата; затвор. Тој страда од запек.

запека | св.

Почне да пека, да моли, да преколнува за да добие нешто. Детето запека за нова играчка.

запелтечи | св.

Почне да пелтечи. Тој запелтечи од силна возбуда.

запени се | св.

Се покрие со пена. Водата се запени од бродот што помина.