запердаши | св.

Почне да пердаши, да тепа некого. Тој го запердаши магарето по грбот.

запере | св.

Почне да пере. Таа ги запра веленцата во реката, но не ги допра.

заперчи се | св.

Почне да се перчи. Таа се заперчи пред гостите.

запеска | ж.

Извезена фигура на ракави од кошула.

запетла | св.

Соедини, спои два дела на облека, обувки и др. со помош на петлица, на патент и сл.; закопча. Тој ја запетла кошулата. Таа одвај си го запетла фустанот.

запечатен | прид.

Што е затворен со печат. Запечатено писмо.

запечати | св.

Затвори нешто со печат. Сите вагони беа полни и запечатени. Службеникот го запечати писмото.

запече 1 | св.

Почне да пече храна. Од кога го запеков лебот во фурната и уште не е готов.

запече 2 | св.

Предизвика запек. Чоколадото може да те запече.

запие | св.

Почне да пие. Гостите запија вино и ракија.