заплаши | св.

Предизвика, внесе страв кај некого, се закани некому; застраши. Доаѓањето на војската ги заплаши селаните. Го фати детето и го заплаши со прстот.

заплашителен | прид.

Заплашителни зборови.

заплашување | ср.

Закана. Неговото семејство беше изложено на постојани напади и заплашувања.

заплашувачки | прид.

Што изразува или содржи закана, опасност и сл. Заплашувачки глас. Заплашувачка тишина.

заплеви | св.

Почне да плеви. Од вчера го заплевив кромидот.

заплена | ж.

Одземање имот; конфискација. Заплена на оружје. Заплена на стока.

запленет | прид.

Што е одземен, конфискуван; Запленет имот. Запленето оружје.

заплени | св.

Одзее туѓа стока, имот во војна, како последица на воени операции. Во текот на борбата партизаните запленија многу оружје.

заплеска | св.

Почне да плеска, да тенчи нешто со удирање. Ковачот го заплеска усвитеното железо.

заплесне се | св.

занесе Децата се заплеснаа играјќи криенка.