заплет | м.

Замрсена состојба, збрка, компликација. Заплетот на ситуацијата ги стопира сите преговори.

заплете | св.

Почне да плете. Вчера таа заплете нов џемпер.

заплетен | прид.

Заплетени јазли.

заплетка | св.

За конец, за предено и сл. – направи да биде во неред, измеша, замрси. Детето ми ги заплетка конците за шиење. При вадењето рибарите ја заплеткаа мрежата.

заплеткан | прид.

Што е нејасен, неразбирлив. Заплеткана ситуација. Заплеткани прашања.

заплива | св.

Почне да плива. Тој заплива уште побрзо. Тие запливаа кон брегот.

заплиска | св.

Почне да плиска со течност, обично со вода. Го заплискаа со вода за да се освести.

заплови | св.

Почне да плови. Бродот заплови кон исток.

заплоди | св.

За животно – оплоди.