запрета 2 | св.

За кокошка и др. – почне да прета, да распретува со нозете. Кокошките запретаа во ѓубрето, барајќи нешто да колвнат.

запретан | прид.

Што е покриен, посипен со нешто; Запретан оган. Запретана жар.

запречи | св.

Постави преграда, препречи пат, отвор и сл. Еден војник ја запречи влезната врата. Одроните од камења го запречија патот.

запречка се | св.

Почне да се пречка; пречка се. Децата се запречкаа.

запржи | св.

Почне да пржи. Откога си запржил, уште ли не е готово?

заприбира | св.

Почне да прибира. Таа ги заприбира расфрланите хартии по подот.

заприкаже | св.

Почне да прикажува. Ќе заприкаже и се некој ќе го прекине.

заприлега | св.

Почне да прилега, да личи на некого или на нешто; заличи. Лицето му заприлега на светец. Тој заприлега на дете што моли за прошка. Маглата им заприлега на воздушеста планина.

заприпка | св.

Почне да припка; Детето заприпка по патот.

запристига | св.

Почне да пристига. Запристигаа гости од сите страни. Запристигаа писма отсекаде.