запраши 1 | св.
Покрие, потури со прав; крене прав. Таа го запраши замрзнатиот двор со пепел. Автомобилите го запрашија воздухот.
запраши 2 | св.
Ископа, скопа со прашалка. Денес ќе го запрашиме кромидот, а утре пченката.
запре | св.
Престане да оди, да се движи, да се одвива некое дејство. Жената запрела пред една порта. Пред селото запреа камиони. Моторот запре. Музиката наеднаш запре. Одвај дочека да запре дождот.
запрега | ж.
Кола во која се впрегнати животни. Коњска запрега. Воловска запрега.
запрегне | св.
Впрегне животно во запрега, во плуг. Старецот ги запрегна коњите.
запреде | св.
Почне да преде. Таа запреде од црната волна.
запрежен | прид.
Што се однесува на запрега. Запрежна кола. Запрежни животни.
запрепасти | св.
Предизвика големо изненадување, чудење кај некого; Неговиот глас не запрепасти.
запрепастувачки | прид.
Запрепастувачки напис.
запрета 1 | св.
а) Покрие, посипе жар, оган или нешто да се пече. Таа го запрета огнот со пепел и си легна. Ги запрета компирите во топлата пепел. б) Покрие нешто со земја, со песок, со снег и сл.; исполни дупка со земја. Костењето ги запретаа да траат подолго. Ја запрета дупката на патот.