запустен | прид.

Што е напуштен, оставен сам, пуст. Запустена куќа. Запустени ниви.

запустеник | м.

Бездомник, бескуќник. Во овој крај има многу запустеници.

запусти | св.

Направи нешто да стане пусто. Тој го запусти имотот од татка си.

запустикуќа | м.

Лице што премногу троши, што ја пусти куќата; расипник. Го биеше глас дека е запустикуќа.

запустувачка | ж.

Уништување, опустошување. Селаните бегаа од селата за да се спасат од запустувачките на беговите.

запуши | св.

Почне да пуши. И двајцата седнаа и запушија.

запуштеност | ж.

Состојба на тој што е запуштен и на тоа што е запуштено.

запушти | св.

Не води грижа за некого или за нешто, занемари; Тој ги запуштил своите стари родители. Куќите во селото ги запуштиле.

запче | ср.