запчен | прид.

Што има запци, што е со запци.

запченик | м.

Тркало со запци. Преносен запченик.

запчест | прид.

Што има запци, што е со остри врвови како запци. Запчест лист. Запчести планини.

запчи | несв.

Прави запци. Тој го запчеше стапот.

зар 1 | чест.

Во прашални реченици за изразување сомнеж, чудење, неверување. Зар толку ти беше силата? Зар до тебе ми дошло?

зар 2 | сврз.

За образување зависносложени причински реченици. Тие го оставиле зар го мислеле умрен.

зар 3 | м.

Коскена или дрвена коцка, на чии страни се обележани со точки броевите од еден до шест, што се користи за различни игри. Зар за табла.

зар 4 | м.

Тенко платно, превез со кој муслиманските жени го покриваат лицето. На вратата се појави жена во зар.

заработи | св.

а) Почне да работи, да функционира нешто. Во десет часот шалтерите на банката заработија повторно. б) Почне да работи некаде; се вработи. Тој од вчера заработил во тутуновиот склад.

заработка | ж.

Тоа што е заработено, што е спечалено со работа. Тој ја потроши целата своја заработка.