заразен 2 | прид.

Што заразува, што предизвикува зараза. Заразна болест.

зарази | св.

Предаде, пренесе зараза некому. Тој ги зарази и другите деца со жолтица.

заразмавта | св.

Почне да размавтува. Тој заразмавта со рацете.

заракоплеска | св.

Почне да ракоплеска. Сите заракоплескаа.

зарамни | св.

Направи да биде рамно, дотера нешто со рамнење. Тој го зарамни местото со земја. Таа го зарамни чаршафот на креветот.

зарана | прил.

зарар | м.

Штета, загуба. Вчера тој направи голем зарар.

зараскажува | св.

Почне да раскажува. Старецот ни зараскажува за своето детство.

зарасне | св.

Обрасне со трева, со влакна и сл., густо се прекрие со нешто. Патот зараснал со трева. Нивите зараснале со трње и плевел. Тој зараснал во брада.