зарасправа | св.

Почне да расправа, да раскажува. Тој ни зарасправа за настаните во селото.

зарасте | св.

Почне да расте, да никнува. На детето му зарастија првите заби.

зарастовара | св.

Почне да растовара. Тие ги зарастовараа вреќите со брашно од камионот.

зарача | св.

Даде порака, порача нешто некому. Тој зарача да му донесат неколку шишиња вино.

за'рга | св.

Почне да 'рга. Уште беше мал кога за'рга по туѓи ниви.

зардечал | м.

Вид тропско растение од чиј корен со варење, со сушење на сонце и со толчење се добива прав во жолта боја; Curcuma longa/Amonium curcuma.

заре | сврз.

Ако спиеш, разбуди се зер ти идат добри гости