заре | чест.

Заре/зер/зере да пукнам од јадови сега? Заре нема јунак друг по земјава?

зареве | св.

Почне да реве. Тој зареви на цел глас.

зарегистрира | св.

Тој не е зарегистриран во ниеден список. Оваа појава е зарегистрирана во повеќе говори.

зареди | св.

Почне да реди, да става нешто едно по или до друго. Покрај масата заредија шишиња со ракија.

зареже | св.

Направи зарез. Стеблото на крушата го зарежа на неколку места.

зарез | м.

Направи зарез во стеблото на буката.

зарек | м.

Зарекување, заклетва. Тој го изневери дадениот зарек.

зарем | чест.

Во прашални реченици за изразување сомнеж, неверување, одрекување. Зарем не знаеш ништо за оваа работа? Зарем не се најаде?

зарече | св.

Направи некој да даде збор дека нема да прави нешто, заколне некого да не прави нешто. Мајка ми ме зарекла да не одам кај нив.