заринка | св.

Навлезе, се забоде во нешто. Бродот заринка на брегот.

зарипа | св.

Почне да рипа, заскока. Кучето зарипа околу нас.

зарипнат | прид.

Зарипнат глас.

зарипне | св.

Не викај толку силно, ќе зарипнеш.

за'рка | св.

Почне да 'рка. Само што ја стави главата на перница, веднаш за'рка.

зарлија | прид.

Што има среќа во (хазардна) игра. Зарлија човек.

заробеник | м.

Лице што е заробено, пленето; пленик. Размена на заробеници.

заробеништво | ср.

Положба, состојба на тој што е заробен. Неколку офицери паднаа во заробеништво.

зароби | св.

а) Фати жив непријател (во војна). Тој зароби двајца непријателски војници. б) Освои, завладее, заплени (територија, народ, материјални блага).

зарови | св.

Почне да рови. Тој ја зарови земјата во бавчата.