зароди се | св.

Настане, се појави, почне да се развива. Во нивните души се зародила несвесна љубов. Во него се зароди една мисла дека тој може да ја направи таа работа.

зародок | м.

Најраниот стадиум од развојот на организмот на човекот или на животно; зачеток, ембрион.

зарои се | св.

Почне да се рои. Пчелите се зароија околу нас.

заромони | св.

Почне да ромони. Надвор заромони ситен дожд.

заромори | св.

Почне да ромори. Поточето заромори низ брегот.

зарони | св.

Почне да рони. Тој зарони од пченката. Детето им зарони леб на гулабите.

зароси | св.

Почне да роси. Надвор пак зароси.

зарошка | св.

Почне да рошка. Тој зарошка во џебовите.

за'рска | св.

Почне да 'рска. Во устата му за'рска зрнце песок.