за'рскоти | св.

Почне да 'рскоти. Во дворот нешто за'рскоти.

за'рти | св.

Почне да 'рти. Житото за'рти.

заруди | св.

За овца – почне да добива мека и кадрава волна. Овците зарудија.

заруменее (се) | св.

Добие румена боја, стане румен. Образите му се заруменија.

зарупа | св.

Почне да рупа. Магарето ги зарупа корите од лубеницата. Детето ги зарупа бонбоните.

зарупка | св.

Почне да рупа по малку, во помала мера: Коњите лакомо ја зарупкаа сочната трева.

зарф | м.

Метална тацна за филџан.

зарче | ср.

за'рчи | св.

Двајцата за миг заспаа и за'рчија силно.