затрепка | св.
Почне да трепка. Затрепка зачестено. Таа затрепка со милите очи. Затрепка ѕвезда. По слепоочниците му затрепкаа сини жилички.
затресе | св.
Почне да тресе нешто; тресе. Затресе слаб земјотрес.
затресен | прид.
Што е обземен од грижи за некого или за нешто; Затресен родител. Тој е многу затресен за работата.
затреска | св.
Почне да треска. Затрескаа врати. Затрескаа бомби по целата линија на фронтот.
затрескоти | св.
Почне да трескоти. Затрескоти нешто низ ходниците.
затрешти | св.
Почне да трешти. Затрештија митралези и бомби. Затрештија тупаници и клоци.
затрие | св.
Почне да трие. Енергично го затри загореното тенџере.
затркала | св.
Почне да тркала. Детето затркала една стара тракторска гума.
затрнави | св.
затрни | св.
Загради или покрие со трње. Ги затрнија леите за птиците да не го јадат семето. Тој ја затрни меѓата со соседната нива.