затромави | св.

Стане тромав, послабо подвижен, помалку енергичен. Откако остана во пензија, затромави. Горештината ме затромави.

затропа | св.

Почне да тропа; тропа. Затропа со прстите по масата. Чекаше некое време, а потоа затропа уште посилно.

затропка | св.

Почне да тропка. Затропка ѕвонливо по чашата.

затропоти | св.

Почне да тропоти. Затропотеа машини и чекани. Коњите нервозно затропотеа.

затроши | св.

Почне да троши, да прави трошки. Затроши малку од сувиот леб.

затрпи | св.

Почне да трпи. Народот затрпе тешки маки. Од тој ден затрпе злобни подбивања, но на ниедна не одговори.

затруби | св.

Почне да труби. Трубачот затруби со трубата и повеќе ништо друго не се слушаше.

затрудни | св.

Стане трудна; По неколку години жената затрудне. Многу се радуваше кога затрудни.

затруе | св.

а) Направи нешто да биде отровно. Ископувањето во блискиот рудник ја затру водата. Излеаната нафта во морето ги затру рибите. б) Даде некому нешто (храна и сл.) отровно. Ги затруле децата со сладолед. Соседите ни го затруја кучето.

затруен | прид.

Што има, што содржи отров. Затруена храна.