затупа | св.

Почне да тупа. Од изутрина затупаа тапаните. Срцето од радост силно му затупа.

затупка | св.

Почне да тупка. Затупка нервозно со ногата. И на двајцата срцата им затупкаа.

затупоти | св.

Почне да тупоти. Срцето ми затупоти од возбуда.

затура | св.

Почне да тура. Затура од ракијата во чашите. Затури одеднаш пороен летен дожд.

затури | св.

Ги затурив обетките, не можам да ги најдам.

затурка | св.

Почне да турка. Ја натовари количката и ја затурка по благата угорница.

затутка | св.

Почне да тутка. Момчето плашливо ја затутка капата во рацете.

затутулен | прид.

Глаголска придавка од затутули.

затутули | св.

Премногу завитка, облече. Го затутулила детето, одвај се движи кутрото.

затуфка (се) | св.

Почне да (се) туфка. Леле, леле – затуфка дедото. Кога слушна мајката, се затуфка.