затруеност | ж.
Особина, состојба на тој што е затруен. Голема затруеност на воздухот може да доведе и до смртност.
затрупа | св.
Прекрие или наполни нешто со трупање, со нафрлање материјал. Ја затрупаа дупката со земја. Урнатините затрупаа многу жители.
затрупан | прид.
Глаголска придавка од затрупа.
затрупи | св.
Почне да сече трупци, цепеници. Човекот затрупи од трупците. Подготвуваше дрва за огрев, затрупи од дебелите дабови трупци.
затруса | св.
Почне да труса. Затруса коњска кола.
затруска (се) | св.
затрча | св.
Почне да трча. Децата слегоа од автобусите и затрчаа по полјаните. Постар човек затрча малку по автобусот, но се откажа.
затскрие | св.
Покрие малку, скрие нецелосно. За миг облаците го затскрија сонцето.
затули | св.
Прикрие, скрие. Каде ли ми ја затулила кошулата? Помести се, ми ја затули светлината.
затулуши | св.
Прикрие, скрие.