зачуе | св.
Слушне оддалеку, нејасно. Шумарот зачу рикање на елен. Тој излегуваше од училиштето кога зачу гласови во ходникот. Наслушнаа и одвај зачуја шум на претпазливи стапалки.
зачука | св.
Почне да чука, да удира, да тропа. Некој зачука на вратата. Од изутрина кај зачукал.
зачуми | св.
Се зарази, заболи од чума; Зачумена куќа.
зачури | св.
Зачади. Зачури возот.
заџавка | св.
Почне да џавка. Да бегаме пред да заџавка кучето.
заџагори | св.
Почне да џагори. Заџагорија деца на улицата. Учителката излезе и целото одделение заџагори.
заџангари | св.
Почне да џангари. Скршени стакла заџангарија на подот. Жената извлече едно тенџере и веднаш потоа заџангорија капаци.
заџари се | св.
Почне да се џари. Се заџари низ прозорецот. Двете другарки се заџарија во плакатот.
заџбара | св.
Почне да џбара. Заџбара во џебот.
заџбура | св.
Почне да џбура. Заџбура по џебовите да го најде клучот. Заџбура по шкафовите, но капата ја немаше.