зашеќери | св.
Заслади со шеќер. Го зашеќери кафето.
зашеметен | прид.
Што има вртоглавица, поматена свест. замелушен. Зашеметен од виното.
зашемети | св.
Предизвика замајување, вртоглавица или целосно губење на свест; замелуши. Алкохолот го зашемети. Неочекуваниот удар го зашемети.
зашеметувачки | прид.
Што е неверојатен, зачудувачки. Зашеметувачки вител. Зашеметувачка миризба. Зашеметувачко темпо.
зашепоти | св.
Почне да шепоти. Луѓето седнаа и зашепотеа. Девојчето се доближи и и зашепоти на мајка си.
зашета | св.
Почне да шета. Излезе и зашета низ дворот. Излегоа од колата и зашетаа по ливадата.
зашетка | св.
Почне да шетка. Зашетка низ дворот разгледувајќи ги цвеќињата.
зашиба | св.
Почне да шиба; шиба. Дрварот го зашиба коњот. Чуварот го зашиба затвореникот по грбот.
зашива | несв.
зашие | св.
Почне да шие. Таа заши уште како девојче на петнаесет години. Заши од рано изутрина некој фустан.