заштрека | св.
Почне да штрека; почне да жегнува силна остра болка со прекини. Ме заштрека забот. Го заштрека половината здивот; му се зеде.
заштука | св.
Зацапа; почне да штука. Стана и заштука во реката речиси до половина.
заштури се | св.
Почне да се мавта ваму–таму; се заштутка. Се заштури по дворот.
заштутка се | св.
Почне да се штутка. Занесен во мисли се заштутка низ дворот. Очигледно вознемирена, се заштутка низ куќата, но ништо не сработи.
зашуми | св.
За ветар, море, дрвја и сл. – почне да шуми. Пролетен ветар зашуми. Зашумеа тополите. Бранови пред невреме силно зашумеа. Се разбранува и зашуми зрелото жито.
зашумоглави | св.
зашумоли | св.
За ветар, море, дрвја и сл. – почне да шумоли. Зашумоли гората. Стапала зашумолија во сеното. Мали бранчиња зашумолија на брегот од езерото.
зашурка | св.
Почне да бара, да пребарува; шуркаЗашурка низ куќи, но не го најде.
зашутка се | св.
Почне да се мавта, да се мота ваму–таму; заштури се
зашушка | св.
Почне да шушка; шушка. Зашушка еж во сувите лисја. Во ходникот некој влезе, зашушка виндјакна.